Cokoladni-stangli-(6)

Чоколадни Штангли

Супер за помини, земи си. :)

Потребно е:

– 200 г млечна чоколада
– 100 г чоколада за готвење
– 100 г бела чоколада
– 100 г суви модри сливи без семки
– 100 г суви кајсии
– 100 г суво грозје
– 100 г запечени, толчени лешници
– 3 лажици рум

Подготовка:

  1. Сувите сливи и кајсии ситно ги сечкаме, и ги ставаме во длабок сад. Го додаваме сувото грозје, преливаме со румот и промешуваме.
  2. Чоколадата за готвење ја кршиме на парчиња и ја ставаме во тенџере на оган. Откако ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган и ја нанесуваме чоколадата во правоаголен калап, обложен со хартија. Врз чоколадата нанесуваме половина од сувото овошје и наросуваме половина од толчените лешници.
  3. На коцки сечкаме 100 г млечна чоколада. Половина од коцките нанесуваме во калапот. Белата чоколада ја кршиме на парчиња и ја ставаме во тенџере на оган. Откако ќе се растопи и белата чоколада ја нанесуваме во калапот. Ја прекриваме со преостанатото суво овошје и ги наросуваме преостанатите лешници. Врз лешниците ги нанесуваме преостанатите коцки млечна чоколада.
  4. Преостанатите 100 г млечна чоколада ги кршиме на парчиња и ги топиме во тенџере на оган. Ја нанесуваме чоколадата во калапот и го ставаме во замрзнувач. Откако колачот ќе се излади и ќе се стегне го вадиме калапот од замрзнувач.
  5. Го вадиме колачот од калапот и му ја отстрануваме хартијата. Го превртуваме колачот на послужавник и го сечеме на штангли. На чинија за сервирање ставаме неколку Чоколадни штангли. Декорираме со црвени и бели шеќерни цветови, и зелени шеќерни листови.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: