Ohridska-baklava

Охридска Баклава

Прекрасна баклава, како и самиот Охрид!

Потребно е:

– 300 г кори за баклава
– 300 г мелени ореви
– 3 јајца
– 4 лажици шеќер
– 2 лажици брашно
– 125 г путер
– 125 мл масло за јадење

ЗА ШЕРБЕТ
– 600 г шеќер
– 200 мл вода
– 1 лимон
– 1 ванилин шеќер

Подготовка:

  1. Во сад за матење го ставаме путерот. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се соединат. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги додаваме жолчките во садот со путерот и повторно матиме со миксерот додека состојките не се соединат. Потоа ги додаваме мелените ореви и брашното, и мешаме со лажица додека филот не се соедини.
  2. Во правоаголна тава бр 32 ставаме една кора и ја свиткуваме во големина на тавата. Ја попрскуваме кората со масло. Врз првата ставаме уште една свиткана кора, па и неа ја попрскуваме со масло. Истата постапка ја повторуваме со половина од корите. Најгорната кора ја премачкуваме со филот. Прекриваме со преостанатите кори, секоја попрскана со масло.
  3. Ја сечеме баклавата на триаголни парчиња. Го нанесуваме преостанатото масло и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30-тина минути на 200 степени, или додека баклавата не порумени. Ја вадиме тавата од рерна и оставаме баклавата да се излади.
  4. Почнуваме со подготовка на шербетот. Во тенџере на оган ги ставаме водата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Лимонот го цедиме во цедалка и го додаваме лимоновиот сок во тенџерето. Откако шербетот ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган. Со врелиот шербет ја преливаме изладената баклава и оставаме да го впие и да се излади.
  5. На чинија за сервирање ставаме три парчиња Охридска баклава и декорираме со полукругови лимон.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: