Polneti-kroketi-so-sirenje-i-sunka-(1)

Полнети Крокети Со Сирење и Шунка

Super!

Потребно е:

– 100 гр кашкавал
– 3 варени компири
– 4 јајца
– 100 гр лебни трошки
– 150 гр кругови шунка
– 2 лажици брашно
– 1 прашок за печиво
– масло за јадење
– Наша сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Сварените компири ги лупиме, ги гмечиме со алатка за пире и ги ставаме во подлабок сад. Кршиме 2 јајца и ги додаваме во садот. Ги додаваме брашното и прашокот за печиво и матиме со миксер.
  2. Ја ставаме смесата на набрашнета работна маса, ја набрашнуваме и ја расплескуваме со раце. Кората ја сечеме на квадрати.
  3. Шунката ја сечкаме на парчиња и ја миксаме во блендер. Измиксаната смеса ја ставаме во подлабок сад. На ситната страна од рендето во садот го рендаме кашкавалот и мешаме со лажица. Продолжуваме филот да го месиме со рака.
  4. По едно топче фил ставаме врз секој квадрат тесто. Филуваните квадрати ги формираме во крокети.
  5. Во подлабок сад кршиме 2 јајца и ги матиме со вилушка. Ги свалкуваме крокетите во изматени јајца и во лебни трошки и ги пржиме во тава на оган со поголема количина загреано масло. Испржените крокети ги ставаме на чинија обложена со хартиени салфетки.
  6. Двата краја на чинијата за сервирање ги украсуваме со по еден лист црвена марула, а врз нив гранчиња копар. Потоа на чинијата скалесто ги сервираме крокетите. Декорираме со по еден круг лимон врз листовите црвена марула.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *