piramida-od-cajni-kolaci

Пирамида од Чајни Колачи

Или превкусна торта набрзина. Добрите стари чајни колачиња прво ќе Ве вратат во младоста, а потоа аромата на кафе повторно ќе Ве врати во сегашноста.

Потребно е:

– 400 г чајни колачи
– 250 мл варено црно кафе
– 100 г чоколада за готвење

ЗА ФИЛОВИ

– 500 мл млеко
– 12 лажици шеќер
– 8 лажици брашно
– 1 ванилин шеќер
– 375 г маргарин
– 10 лажици шеќер во прав
– 4 јајца
– 1 банана
– 200 г чоколада за готвење
– 150 г сечкани ореви

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на филовите. Во тенџере на оган ставаме 300 мл млеко, и ги додаваме шеќерот и ванилиниот шеќер. Брашното го додаваме во садот со преостанатото млеко и мешаме со жица.
  2. Потоа непрекинато мешајќи со жицата го додаваме размешаното брашно во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Оставаме кремот да се излади.
  3. Во длабок сад ги ставаме маргаринот и шеќерот во прав. Јајцата ги кршиме, белките ги оставаме во сад на страна, а жолчките ги додаваме во садот со маргаринот. Бананата ја лупиме, ја сечкаме на кругови и ја додаваме во садот.
  4. Матиме со мискер додека смесата не стане пенеста. Потоа го додаваме изладениот крем и повторно матиме со миксерот додека смесата не се соедини. Ја делиме на два еднакви дела. Во едниот сад ги додаваме сечканите ореви и матиме со миксерот додека филот не се соедини.
  5. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја топиме во тенџере на оган. Откако ќе се излади ја додаваме во вториот сад со подготвената смеса и матиме со миксерот додека и овој фил не се соедини. Чајните колачи ги потопуваме во вареното кафе.
  6. На послужавник редиме 3 колони од по 5 чајни колачи. Ги премачкуваме со фил со чоколада. Врз филот редиме 2 колони од по 5 колачи потопени во кафе. Филуваме со фил со чоколада. На средината редиме 1 колона од 5 колачи и премачкуваме со преостанатиот фил со чоколада.
  7. Потоа целата пирамида ја премачкуваме со филот со ореви. На крупната страна од рендето на чинија ги рендаме преостанатите 100 г чоколада и ја наросуваме пирамидата. Декорираме со две црвени шеќерни рози и зелени шеќерни листови.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино.Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: