- Во длабок сад ги кршиме јајцата, ги посолуваме и ги матиме со жица. Ги додаваме урдата, јогуртот, маслото, прашокот за печиво и двата вида брашно, и мешаме со жицата додека смесата не се соедини.
- Спанаќот го сечкаме на парчиња, го додаваме во садот и промешуваме. Ја нанесуваме смесата во тркалезен калап бр 24, намрсен со путер. Преостанатиот путер го сечкаме на парчиња и го нанесуваме на смесата.
- Наросуваме со сусамот и го ставаме калапот во рерна. Печеме 35 минути на 220 степени и го вадиме од рерна. Подизладената проја ја вадиме од калапот и ја сечеме на триаголни парчиња.
- На чинија за сервирање ставаме неколку парчиња Брза проја. Украсуваме со еден лист радич врз кој ставаме топка кисела павлака. Декорацијата ја завршуваме со парче ендивија врз павлаката.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит