Salata-od-pcenka-(1)

Салата од Пченка

Кремаста салата со многу кисела павлака. Лесна и вкусна – како измислена за ненајавени гости.

Потребно е:

– 200 г зрна конзервирана пченка
– 250 г кисели краставички
– 200 г ориз
– 150 г варени моркови
– 100 г сечкани маринирани шампињони
– 600 мл кисела павлака
– 200 г мајонез
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Оризот го вариме во посолена зовриена вода во тенџере на оган и го цедиме во цедалка. Во длабок сад ги ставаме шампињоните. Варените моркови и киселите краставички ги сечкаме на коцки, и ги додаваме во садот.
  2. Потоа во садот ги додаваме зрната пченка и претходно сварениот и исцеден ориз. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер.
  3. Ги додаваме мајонезот и киселата павлака, и ја промешуваме салатата со лажица. На чинија за сервирање со алатка во форма на два купа ја нанесуваме Салата од пченка. Декорираме со половинки ротквички и гранчиња копар.
  4. Декорацијата ја завршуваме со кришки лимон и гранчиња француски магдонос.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *