- Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган ја ставаме водата. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја додаваме во тенџерето. Потоа ги додаваме какаото, шеќерот и 250 г маргарин, и мешаме со лажица.
- Откако состојките ќе се растопат го тргаме тенџерето од оган. Оставаме смесата да се излади. Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер.
- Во садот го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Потоа ги додаваме брашното и 4 лажици од изладената подготвена смеса. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Во тавата од рерна, обложена со хартија ги нанесуваме сечканите ореви.
- Потоа во тавата ја нанесуваме подготвената смеса за пандишпанот. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 20 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна. Продолжуваме со подготовка на филот. Во сад за матење со миксер ги матиме преостанатите 300 г маргарин.
- Ги додаваме жолчките и матиме додека смесата не стане пенста. Потоа ја додаваме преостанатата смеса од тенџерето и матиме со миксерот додека филот не се соедини. Изладениот пандишпан го вадиме од тавата и му ја отстрануваме хартијата.
- Го сечеме пандишпанот на 3 еднакви ленти по широчина и им ги отсекуваме краевите. На послужавник ја ставаме првата лента пандишпан и ја премачкуваме со фил. Врз филот ја ставаме втората лента пандишпан и ја филуваме.
- Прекриваме со третата лента пандишпан и целата торта ја премачкуваме со фил. Со слаткарска кеса наполнета со преостанатиот фил ги украсуваме страничните длеови и краевите на горната површина на тортата. Декорираме со три шеќерни цветови и осум шеќерни листови.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.