- Во тенџере со посолена вода на оган го вариме пилешкото месо и го тргаме тенџерето од оган. Ги вадиме парчињата пилешко од водата и ги ставаме на чинија. Им ги отстрануваме коските, а месото го кинеме на поголеми парчиња.
- На растопениот маргарин во тенџере на оган го пржиме брашното и мешаме со жица. Го додаваме млекото и откако бешамел сосот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган.
- Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тава на оган. На шампињоните им ги отсекуваме рачките и ги сечкаме на парчиња. Ги додаваме во тавата со омекнатиот кромид. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го додаваме мешаниот зачин К+. Откако шампињоните ќе се испржат во тавата ги додаваме доматното пире и половина од ориганото. Промешуваме и ја тргаме тавата од оган.
- Ги додаваме парчињата пилешкото и малку од бешамел сосот, и промешуваме. Половина од содржината од тавата за пржење нанесуваме во керамичка тава за печење. На ситната страна од рендето во длабок сад рендаме 150 г кашкавал. Ја додаваме киселата павлака и мешаме со лажица.
- Половина од мешавината нанесуваме во керамичката тава и наросуваме оригано. Ја додаваме преостанатата содржина од тавата за пржење и ја прекриваме со преостанатиот бешамел сос. Врз бешамелот ја нанесуваме преостанатата мешавина од павлака и кашкавал. На ситната страна од рендето во тавата го рендаме преостанатиот кашкавал и ја ставаме во рерна. Печеме 40 минути на 200 степени и ја вадиме тавата од рерна.
- Жилиен пилето го декорираме со листови босилек.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.