cokoladni kocki so banani

Чоколадни Коцки Со Банани

Не може да им се одолее, нели?

Потребно е:

ЗА ПАНДИШПАН
•4 јајца
•5 лажици шеќер
•4 лажици брашно
•2 лажици масло за јадење
•1 лажица какао
•½ кесичка прашок за печиво

ЗА ФИЛ
•1 литар млеко
•180 г шеќер
•250 г путер
•150 г млечна чоколада
•2 јајца
•2 кесички прашок за пудинг од чоколада
•3 лажици брашно
•1 ванилин шеќер
•1 кг банани

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Во длабок сад ги кршиме јајцата. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се растопи. Ги додаваме брашното, какаото, маслото и прашокот за печиво, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во тава од рерна обложена со хартија. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 20 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
  2. Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган ставаме 600 мл млеко, шеќерот и ванилиниот шеќер.
  3. Во садот со преостанатото млеко ги додаваме прашокот за пудинг и брашното. Кршиме 2 јајца, белките ги оставаме во сад на страна, а жолчките ги додаваме во садот. Мешаме со жица и ја додаваме размешаната смеса во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган.
  4. Ги додаваме чоколадата искршена на парчиња и путерот, и мешаме со жицата додека не се растопат. Потоа го матиме филот со миксер и оставаме да се излади.
  5. Изладениот пандишпан го вадиме од тавата и му ја отстрануваме хартијата. Го сечеме на половина по широчина. На послужавник ја ставаме правата лента пандишпан и ја премачкуваме со фил. Врз филот ја нанесуваме втората лента пандишпан, па и неа ја премачкуваме со фил.
  6. Бананите ги лупиме и ги сечеме на половина по должина. Половинките банани ги редиме врз филот. Врз бананите го нанесуваме преостанатиот фил. Го наросуваме колачот со сечкани лешници. Откако ќе се излади го сечеме на коцки.
  7. На чинија за сервирање ставаме една Чоколадна коцка со банани. Декорираме со сечкани лешници и ситни чоколадни бонбони.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: