brz kolac od jabolka i orevi

Брз Колач Од Јаболка И Ореви

Вистинско некомплицирано задоволство!

Потребно е:

•1 јајце
•150 г шеќер
•100 г гриз
•100 мл млеко
•50 мл масло за јадење
•1 кг јаболка
•100 г мелени ореви
•100 г суво грозје
•3 лажици рум
•1 прашок за печиво

ЗА ЧОКОЛАДЕН ПРЕЛИВ
•100 г чоколада за готвење
•50 г путер
•6 лажици шеќер
•3 лажици млеко
•1 лажица масло за јадење

Подготовка:

  1. Јаболката ги лупиме и на крупната страна од рендето ги рендаме во длабок сад. Ги додаваме сувото грозје, шеќерот, млекото, маслото, оревите, румот, гризот и прашокот за печиво, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
  2. Во сад за матење со миксер го матиме јајцето, го додаваме во садот со подготвената смеса и промешуваме. Ја нанесуваме смесата во со масло намрсена и набрашнета правоаголна тава бр 32. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
  3. Почнуваме со подготовка на чоколадниот прелив. Во тенџере на оган ги ставаме маслото, путерот, млекото, шеќерот и чоколадата искршена на парчиња, и мешаме со лажица. Откако преливот ќе ја добие потребната густина го нанесуваме на колачот. Ја ставаме тавата во фрижидер.
  4. Откако преливот ќе се стегне ја вадиме тавата од фрижидер и го сечеме колачот на коцки. На чинија за сервирање ставаме едно парче Брз колач од јаболка и ореви. Декорираме со тенки полукругови и ситни коцки јаболко. Декорацијата ја дополнуваме со листови свежа мента.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: