- Во зовриена вода бланширајте ги доматите, кои претходно благо сте ги исекле за да можете полесно да им ја симнете лушпата.
- Исушете го тенџерето и ставете зејтин, оцет, шеќер и сол да се загреат мешајќи.
- Ставете го крупно исечканиот везен пипер да се пржи околу пола саат дури да омекне. Потоа ставете го крупно сечканиот домат на кој сте му ја одстраниле средината и лушпата. Ставете го и ситно сечканиот корен од целер и пашканат и намалете го оганот. После половина час додадете цели чешниња лук, ловорови листови и црн пипер во зрно.
- Варете на средно тивок оган уште 1 до 1, 5 часа и на крајот додадете ситно сечкани листови целер и магдонос. Уште малку мешајте и симнете го тенџерето од оган. жешката салата ставете ја во затоплени тегли и затворете.
Потоа УЖИВАЈТЕ 🙂