- Во тенџере на оган ги кршиме јајцата, ги додаваме шеќерот и карамелите и мешаме со лажица. Откако шеќерот и карамелите ќе се растопат го тргаме тенџерето од оган, го додаваме маргаринот и мешаме со лажица додека не се растопи. Ги додаваме и мелените плазма бисквити и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
- Смесата ја нанесуваме во правоаголен калап обложен со најлонска фолија и ја покриваме со краевите од фолијата. Чоколадата ја кршиме на парчиња, ја ставаме да се топи на пареа, го додаваме маслото и мешаме со лажица. Откако чоколадата ќе се растопи врз бајадерата го нанесуваме чоколадниот прелив. Го ставаме калапот во фрижидер.
- Изладената и стегната бајадера ја сечеме на парчиња, кои во круг ги редиме на чинијата за сервирање. Со четка ги украсуваме со златна прехранбена боја.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино Шардоне со интензивна прозрачна златно-жолта боја со арома на цитрон, ананас, банана и на диња. Се одликува со полно тело и со долг и елегантен горчлив финиш. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.