Brz-cizkejk-so-malini-parce-(3)

Брз Чизкејк Со Малини

Потребно само 30-ина минути!

Потребно е:

ЗА ПОДЛОГА
– 150 г мелени бисквити
– 150 г маргарин
– 2 лажици вода

ЗА ФИЛ
– 500 мл слатка павлака
– 250 г маскарпоне сирење

ЗА ОВОШЕН ПРЕЛИВ
– 200 г малини
– 200 мл вода
– 100 г шеќер

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на подлогата. Во тенџере на оган го ставаме маргаринот да се растопи. Ги додаваме мелените бисквити, мешаме со лажица и го тргаме танџерето од оган. Во подизладената содржина во тенџерето ја додаваме водата. Ја месиме смесата со рака додека не се соедини.
  2. Чинијата за торта ја обложуваме со хартија и на неа ставаме обрач од тркалезен калап бр 24. Во обрачот ја ставаме подготвената смеса и ја расплескуваме со рака, формирајќи ја подлогата.
  3. Почнуваме со подготовка на филот. Во сад за матење ја ставаме слатката павлака и матиме со миксер додека не ја добие потребната цврстина. Го додаваме маскарпоне сирењето и матиме со миксерот додека филот не се соедини. Го нанесуваме на подлогата во обрачот на чинијата за торта.
  4. Почнуваме со подготовка на овошниот прелив. Во тенџере на оган ги ставаме шеќерот, водата и малините, и промешуваме. Вариме додека преливот не ја добие потребната густина и го тргаме тенџерето од оган. Оставаме преливот да се излади.
  5. И изладениот прелив го нанесуваме во обрачот и ја ставаме чинијата во фрижидер. Откако колачот ќе се излади и ќе се стегне ја вадиме чинијата од фрижидер. Го отстрануваме обрачот и декорираме со малини на чинијата за торта.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: