Bombici-od-meleni-smokvi-(2)

Кошнички Од Мелени Смокви

Баш се слатки!

Потребно е:

– 500 г суви смокви
– 250 г мелени ореви
– 100 г шеќер во прав
– 50 г чоколада за готвење
– 50 мл рум
– 1 портокал
– 100 г цели лешници
– парчиња кандиран ананас и портокал
– 100 г ситни бисерни бонбончиња

Подготовка:

  1. Во машина за мелење месо ги мелеме смоквите и ги собираме во длабок сад.
  2. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја ставаме да се топи во тенџере на оган. Растопената чоколада ја додаваме во садот со мелените смокви. Потоа ги додаваме мелените ореви, шеќерот во прав и румот. На ситната страна од рендето во садот ја рендаме кората од портокал. Со рака ги месиме состојките додека смесата не се соедини. Формираме топчиња со големина на орев и ги редиме на послужавник.
  3. На средината на секое топче правиме длабнатина. Ги полниме длабнатините со кандираното овошје. Врз овошјето ставаме по еден цел лешник.
  4. Од преостанатата смеса со раце развлекуваме долгнавеста форма. Кинеме парчиња, ги свиткуваме во форма на полукруг и ги формираме рачките на кошничките. Декорираме со ситните бисерни бонбончиња. Од Кошничките од мелени смокви редиме на чинија за сервирање.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: