zapecen-oriz-so-pilesko-i-brokula

Запечен Ориз Со Пилешко И Брокула

Убава, вкусна варијанта на класичен ручек.

Потребно е:

•300 г пилешки гради
•200 г ориз
•250 г брокула
•250 г праз
•60 г кромид
•60 г морков
•2 чешниња лук
•2 лажици интегрално брашно
•1 лажица мешан зачин К+
•1 лажица црвен пипер
•1 кафена лажица куркума
•масло за јадење
•Наша сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Пилешките гради ги сечкаме на коцки и ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Испрженото месо го ставаме на чинија.
  2. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на преостанатата мрснотија во тавата на оган. Морковот го сечкаме на ситни коцки, а празот и лукот ситно ги сечкаме. Ги додаваме во тавата со омекнатиот кромид. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ги додаваме мешаниот зачин К+, оризот и 400 мл топла вода.
  3. Содржината од тавата за пржење ја ставаме во керамичка тава и ги додаваме испржените парчиња пилешко. Брокулата ја делиме на цветови и ја додаваме во тавата. Во чинија ги мешаме црвениот пипер, интегралното брашно и куркумата, и ги наросуваме во тавата. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 40 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  4. На чинија за сервирање ставаме од Запечниот ориз со пилешко и брокула. Декорираме со јогурт и гранче магдонос.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: