Karamel-pita-so-banani

Карамел Пита Со Банани

Со арома на цимет, колач кој не се заобиколува.

Потребно е:

•1 кг банани
•50 г чоколада за готвење

ЗА КОРА
•4 јајца
•4 лажици шеќер
•200 г брашно
•1 прашок за печиво
•1 кесичка цимет

ЗА ФИЛ
•300 г шеќер
•250 мл млеко
•150 г путер
•200 г прашок за шлаг
•200 мл слатка павлака

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на кората. Во длабок сад ги кршиме јајцата. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се растопи. Ги додаваме брашното, прашокот за печиво и циметот, и мешаме со лопатка додека смесата не се соедини.
  2. Лупиме две банани и ги сечеме на кругови. Ги нанесуваме во правоаголна тава бр 32 обложена со хартија наросена со брашно. Врз нив ја нанесуваме подготвената смеса и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
  3. Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган го ставаме шеќерот и мешаме додека не се карамилизира. Ја додаваме слатката павлака. Откако карамелот ќе се растопи и смесата ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Го додаваме путерот, мешаме додека не се растопи и оставаме смесата да се излади.
  4. Во сад за матење со миксер ги матиме прашокот за шлаг и млекото додека шлагот не ја добие потребната цврстина. Го додаваме изладениот карамел со павлака и путер, и матиме со миксерот додека филот не се соедини.
  5. Изладената кора ја вадиме од тавата и ја превртуваме на послужавник, за бананите да бидат на горната страна. Ја премачкуваме со половина од филот. Преостанатите банани ги лупиме, ги сечкаме на кругови и ги редиме врз филот. Врз бананите го нанесуваме преостанатиот фил. На ситната страна од рендето врз питата ја рендаме чоколадата за готвење. Изладената пита ја сечеме на коцки.
  6. На чинија за сервирање ставаме едно парче Карамел пита со банани. Декорираме со зелени шеќерни листови и разнобојни ситни шеќерни бонбони.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: