- На загреано масло во тава на оган го пржиме меленото месо. Посолуваме, и наросуваме мелен црн пипер и мешан зачин К+. Ситно сечкаме половина од магдоносот. Го додаваме во тавата со испрженото месо и ја тргаме од оган.
- Во друга тава на оган ставаме 50 г путер да се растопи. Го додаваме брашното и мешаме со жица додека не се испржи. Потоа во тавата додаваме 150 мл млеко и мешан зачин. Откако бешамел сосот ќе ја добие потребната густина ја тргаме тавата од оган.
- На варените јајца им ги отсекуваме заоблените делови, за да добиеме рамни површини и ги сечеме на половина. Жолчките ги вадиме од белките, ги ставаме во цедалка врз длабок сад и ги гмечиме со лажица. Една третина од пасираните жолчки додаваме во тавата со меленото месо и го промешуваме филот со лажица. Го ставаме во готварска кеса.
- Со фил полниме 8 половинки варени белки и ги редиме во керамичка тава. Врз филот нанесуваме од бешамел сосот и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 10 минути на 190 степени и ја вадиме од рерна.
- На парчиња кинеме 4 кришки леб, ги ставаме во длабока чинија и ги преливаме со 100 мл млеко. Откако лебот ќе омекне со раце го истиснуваме млекото и го ставаме исцедениот леб во длабок сад. Додаваме 200 мл кисела павлака и преостанатите 50 г путер. Преостанатиот магдонос ситно го сечкаме и го додаваме во садот. Посолуваме, и наросуваме мелен црн пипер и мешан зачин. На крајот додаваме една третина од пасираните жолчки и мешаме со жица додека филот со павлака не се соедини. Го ставаме во готварска кеса и со филот полниме 8 половинки варени белки И преостанатите 4 кришки леб ги кинеме на парчиња, ги ставаме во длабока чинија и ги преливаме со преостанатото млеко.
- Откако лебот ќе омекне со раце го истиснуваме млекото и го ставаме исцедениот леб во сад за матење. Ги додаваме сардините, преостанатата кисела павлака и мелениот бел бибер. Посолуваме, и наросуваме мелен црн пипер и мешан зачин. Ги додаваме преостанатите пасирани жолчки. Го матиме филот со миксер додека не се соедини и го ставаме во готварска кеса. Со фил ги полниме преостанатите 8 половинки белки.
- Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови црвена зелка. Испечените половинки полнети јајца ги сервираме на средината на чинијата и ги украсуваме со гранчиња француски магдонос. Околу нив во круг наизменично редиме од полнетите јајца со сардини и со кисела павлака. Помеѓу нив декорираме со кругови краставица.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.