Оваа прекрасна бадем торта се прави на следен начин:
- Во сад за матење ги кршиме јајцата. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се растопи. Ги додаваме медот, миксаните бадеми, екстрактот од ванила и прашокот за печиво.
- На ситната страна од рендето во садот рендаме кора од портокали мешаме со лажица додека смесата не соедини. Ја нанесуваме во тркалезен калап бр 22 обложен со хартија и го ставаме калапот во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и го вадиме од рерна.
- Ја вадиме изладената торта од калапот и ја сечеме на триаголни парчиња. На чинија за сервирање ставаме едно парче Бадем торта со мед. Декорираме со една портокалова шеќерна роза, зелени шеќерни листови, и бели и црни чоколадни бонбони во форма на точки.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.