pile-na-marokanski2

Пиле на Марокански Начин

Печено пиле, премачкано со смеса од мед, кари, и сечкани бадеми и лук, па допечено. Може да не чини? А, сервирано со ориз варен со суво грозје и цимет, па измешан со динстани моркови едноставно остава без зборови.

Потребно е:

1 пиле
200 г ориз
200 г моркови
50 г суво грозје
30 г бадеми
1 чешне лук
3 лажици мед
1 кафена лажица цимет
1 кафена лажица кари
½ лажица шеќер
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Пилето го посолуваме и го наросуваме со мелен црн пипер од внатрешната и од надворешната страна. Го ставаме во огноотпорен сад, го попрскуваме со масло и додаваме 200 мл вода.
  2. Садот го ставаме во рерна. Печеме 50 минути на 250 степени и го вадиме од рерна. Бадемите ситно ги сечкаме и ги ставаме во длабок сад. И чешнето лук ситно го сечкаме и го додаваме во садот.
  3. Ги додаваме карито, медот и 2-3 лажици врела вода, и промешуваме. Со смесата го премачкуваме пилето и го враќаме садот во рерна. Печеме уште 10 минути на истата температура и го вадиме садот од рерна.
  4. Го преливаме пилето со сосот во кој се подготвуваше. Морковите ги сечкаме на кругови и ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер.
  5. Ги додаваме шеќерот и околу 300 мл вода. Откако течноста ќе испари и морковите ќе омекнат ја тргаме тавата од оган. Зовриената вода во тенџере на оган ја посолуваме, и ги додаваме сувото грозје, циметот и оризот. Откако оризот ќе се свари го тргаме тенџерето од оган.
  6. Ги додаваме омекнатите моркови и промешуваме со лажица. На чинија за сервирање го ставаме оризот со моркови, а врз него го сервираме испеченото пиле. Декорираме со кришки лимон и гранчиња француски магдонос.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: