- Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Во длабок сад ги кршиме јајцата. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се растопи. Потоа ги додаваме брашното, прашокот за печиво и мелените ореви, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
- Ја нанесуваме во тава од рерна, обложена со хартија. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган го ставаме млекото да зоврие.
- Го додаваме гризот и мешаме со жица. Кршиме 3 јајца и ги делиме белките од жолчките. Жолчките ги додаваме во тенџерето со сварениот гриз и мешаме со жицата. Откако кремот ќе се соедини го тргаме тенџерето од оган. Оставаме кремот да се излади.
- Во сад за матење ги ставаме путерот и шеќерот во прав. Преостанатото јајце го кршиме, белката ја додаваме во садот со претходните 3 белки, а жолчката ја додаваме во садот за матење.
- Половина лимон цедиме во цедалка и го додаваме лимоновиот сок во садот за матење. Матиме со миксер додека путерот не стане пенест. Потоа го додаваме изладениот крем и матиме со миксерот додека филот не се соедини.
- Изладениот пандишпан го вадиме од тавата, му ја отстрануваме хартијата и го сечеме на половина по широчина. На послужавник ја ставаме првата лента пандишпан и ги нанесуваме вишните од слаткото. Потоа пандишпанот го премачкуваме со фил. Врз филот ги редиме целуфките и повторно филуваме.
- Ја ставаме втората лента пандишпан и нанесуваме од шербетот од слаткото. Во тенџере на оган ја ставаме водата, додаваме 12 лажици шеќер и оставаме да зовријат. Во длабок сад со миксер ги матиме белките и ги додаваме преостанатите 4 лажици шеќер.
- Откако шеќерот ќе се растопи во тенок млаз го додаваме врелиот шербет и матиме додека шлагот не ја добие потребната цврстина. Со свилениот шлаг ја премачкуваме целата торта.
- Преостанатиот шлаг го ставаме во слаткарска кеса, и ги украсуваме горната површина и страничните делови на тортата. Декорираме со зелени шеќерни листови, и црвени и црни шеќерни украси. Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино.
Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.