Krap-na-podgoricki-nacin

Крап на Подгорички Начин

Тоа што пливал во вода, допливал, дозволете му сега прво да плива во маслото во тавата, а за крај во добро вино. А, за необичната комбинација со суви сливи некој одлично се досетил, компирите се веќе класика и тоа добра.

Потребно е:

1 исчистен крап од 3 кг
500 г суви модри сливи
200 г кромид
3 чешниња лук
200 мл вински оцет
2 лажици доматно пире
4-5 ловорови листови
10-тина зрна црн пипер
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Сувите сливи ги ставаме во длабок сад и ги преливаме со врела вода. Откако ќе омекнат ги цедиме во цедалка. На крапот му ги отсекуваме главата, опашката и перките. Го сечеме крапот на кременадли, ги посолуваме од двете страни и ги наросуваме со мелен црн пипер.
  2. Ги редиме парчињата риба во тава за печење, намрсена со масло и ги додаваме сливите. Главиците кромид покрупно ги сечкаме, ги пржиме на загреано масло во тава на оган и посолуваме. Откако кромидот ќе омекне ги додаваме зрната црн пипер и ловоровите листови.
  3. Чешнињата лук ситно ги сечкаме и ги додаваме во тавата. Потоа ги додаваме оцетот, доматното пире и 500 мл вода. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Откако содржината ќе зовие ја додаваме во тавата за печење.
  4. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 45 минути на 250 степени и ја вадиме од рерна. На едната страна на чинија за сервирање редиме кришки претходно сварени компири.
  5. На другата страна на чинијата ги сервираме парчињата Крап на подгорички начин. Декорираме со гранчиња француски магдонос.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: