- Шампињоните ситно ги сечкаме и ги ставаме во длабок сад. На работна маса со метален чук ги толчиме лешниците и ги додаваме во садот. Јајцата ги кршиме, белките ги оставаме во сад на страна, а жолчките ги додаваме во длабокиот сад.
- Го додаваме чилито и го мешаме филот со лажица. Во тенџере со зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа. Кременадлите ги засекуваме со нож, формирајќи им џебови. Ги посолуваме и ги наросуваме со мелен црн пипер од внатрешните и од надворешните страни.
- Ги полниме со подготвениот фил и ги зацврстуваме со чепкалки. Потоа ги пржиме полнетите кременадли на загреано масло во тава на оган. Откако ќе поруменат од двете страни ги вадиме од тавата и ги ставаме на чинија.
- Во тавата на оган додаваме од супата од коцка. Потоа ја додаваме киселата павлака и мешаме со жица. Откако сосот ќе ја добие потребната густина ја тргаме тавата од оган. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови марула.
- Сервираме претходно сварени ориз, моркови и прокељ, и ги редиме Полнетите кременадли со лешници. Ги преливаме со сосот од тавата и декорираме со шери домати.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит.