- Бисквитите ги кршиме на парчиња и ги ставаме во длабок сад. Лешниците ги свиткуваме во кујнска крпа, ги толчиме со метален чук и ги додаваме во садот. Урмите ги сечкаме на парчиња, па и нив ги додаваме во садот.
- Во тенџере на оган ги ставаме млекото и путерот. Откако путерот ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган. Ги додаваме румот и циметот, и мешаме со жица. Јајцето го кршиме, го додаваме во подизладената содржина во тенџерето и промешуваме.
- Потоа содржината од тенџерето ја додаваме во длабокиот сад и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме на долниот дел од правоаголна кутија за торта. Откако смесата ќе се стегне ја сечеме на коцки.
- Чоколадата за готвење ја кршиме на парчиња и ја ставаме во сад на пареа. Го додаваме маслото и откако чоколадата ќе се растопи го тргаме садот од оган.
- Подизладената растопена чоколада ја ставаме во фишек од хартија. Ги украсуваме Урама коцките и ги редиме на чинија за сервирање.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.