Zapeceni-jajca-polneti--so-sardina

Запечени Јајца Полнети со Сардина

И со кисела павлака. Просто да не може човек да се одлучи што е подобро, вкусот, изгледот или одличната идеја која ќе Ви ја разубави Велигденската трпеза.

Потребно е:

6 варени, лупени јајца
500 г конзервирани сардини
3 јајца
5 лажици кисела павлака
3 лажици лебни трошки
средина од 2 кришки леб
200 мл млеко
40 г путер
масло за јадење

Подготовка:

  1. Во длабок сад го ставаме лебот и го преливаме со млекото. Откако ќе омекне со раце го истиснуваме млекото и го ставаме исцедениот леб на чинија. На варените јајца од две страни им отсекуваме по еден заоблен дел за да добиеме рамни површини.
  2. Потоа ги сечеме јајцата на половина. Жолчките ги ставаме во цедалка, а белките ги редиме во керамичка тава за печење. Ги гмечиме жолчките со лажица и ги ставаме во длабок сад. Сардините ги гмечиме со виљушка и ги додаваме во садот.
  3. Потоа го додаваме омекнатиот и исцеден леб, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Кршиме 1 јајце и го додаваме во садот. Преостанатите 2 јајца ги кршиме, белките ги оставаме во сад на страна, а жолчките ги додаваме во длабокиот сад.
  4. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Во друг длабок сад ставаме 2 лажици павлака и го додаваме путерот. Мешаме со жица додека не се соединат и ги додаваме во садот со подготвената смеса. Го мешаме филот со лажица додека не се соедини.
  5. Го ставаме во готварска кеса и ги полниме половинките белки од јајца во тавата. Полнетите јајца и тавата ги попрскуваме со масло. Врз филот ставаме од преостанатата павлака и наросуваме лебни трошки. Ја ставаме тавата во рерна.
  6. Печеме 10-тина минути на 220 степени и ја вадиме од рерна. Чинијата за сервирање ја украсуваме со кругови лимон. Врз секој круг ставаме по едно полнето јајце. Средината на чинијата ја украсуваме со гранчиња копар и една половина лимон засечена во форма на цвет.
  7. Полнетите јајца ги украсуваме со по едно парче ринглица свиткано во ролат. Со по едно парче домат врз секое полнето јајце и врз цветот од лимон ја завршуваме декорацијата на Запечените јајца полнети со сардина.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *