pilesko-frikase

Пилешко Фрикасе

Со грашок и моркови, нормално одлично. А, во комбинација со пржени топчиња од компири, не само прстите туку и чинијата човек да ја излиже. Тоа што лесно се подготвува е само уште еден плус.

Потребно е:

500 г пилешки гради
250 г моркови
200 г конзервиран грашок
150 г кромид
магдонос
1 пилешка коцка за супа
300 г варени, лупени компири
1 јајце
2 лажици лебни трошки
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Во тенџере со зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа. Главиците кромид покрупно ги сечкаме и ги пржиме на загреано масло во тава на оган.
  2. Морковите ги сечеме на тенки долгнавести парчиња и ги додаваме во тавата со омекнатиот кромид. И пилешките гради ги сечкаме на долгнавести парчиња и ги додаваме во тавата. Потоа го додаваме грашокот.
  3. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и додаваме од супата од коцка. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во тавата. Динстаме додека месото и зеленчукот не омекнат, повремено додавајќи од супата од коцка. Ја тргаме тавата од оган.
  4. На крупната страна од рендето во длабок сад ги рендаме варените компири. Јајцето го кршиме и го додаваме во садот. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ги додаваме лебните трошки и ја месиме смесата со рака додека не се соедини.
  5. Формираме топчиња со големина на орев и ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Откако ќе поруменат со лажица решетка ги вадиме топчињата од тавата и ги ставаме на чинија, обложена со хартија.
  6. На чинија за сервирање ставаме од Пилешкото фрикасе. Околу него ги сервираме топчињата од компири.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: