- Во сад за матење ги ставаме путерот и шеќерот во прав, и матиме со миксер додека путерот не стане пенест. Јајцата ги кршиме, белките ги оставаме во сад на страна, а жолчките ги додаваме во садот за матење.
- Матиме со миксерот додека жолчките не се соединат со путерот. Додаваме 175 мл слатка павлака и коњакот, и матиме додека смесата не се соедини. На крајот ги додаваме мелените бадеми и мешаме со лажица додека филот не се соедини.
- Дното на тркалезен калап бр 24 го прекриваме со пишкоти. Врз пишкотите нанесуваме фил. И страничниот дел на калапот го обложуваме со половинки пишкоти. Врз филот во калаот редиме уште еден ред пишкоти и го нанесуваме преостантиот фил.
- Го ставаме калапот во фрижидер. Откако тортата ќе се излади и ќе се стегне го вадиме калапот од фрижидер и му го отстрануваме обрачот. Тортата заедно со долниот дел од калапот ја ставаме на чинија за торта.
- Во сад за матење ја ставаме преостанатата слатка павлака и матиме со миксер додека не ја добие потребната цврстина. Ја ставаме во слаткарска кеса и ја украсуваме тортата “Малаков“. Декорираме со неколку зашеќерени цреши.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.