- Во сад за матење ги ставаме путерот, брашното, шеќерот во прав и 60 г мелени бадеми. Јајцето го кршиме, белката ја додаваме во садот, а жолчката ја оставаме во сад на страна. На крупната страна од рендето во садот ја рендаме чоколадата и ги месиме состојките со рака додека не се соединат во тесто.
- На набрашнета работна маса од тестото со сукалка развлекуваме квадратна кора со дебелина од 1 см. И ги отсекуваме краевите и ја сечеме на коцки. Ги редиме коцките во тава за печење обложена со хартија.
- Преостанатата жолчка ја матиме со жица и со готварска четка ги премачкуваме коцките во тавата. Ги наросуваме со преостанатите бадеми и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
- Изладените коцки дијагонално ги сечеме на половина, за да добиеме триаголници. Чинијата за сервирање ја украсуваме со топчиња претходно изматен шлаг крем од чоколада. Потоа на чинијата сервираме три Бадем триаголници.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.