Pilesko-od-rerna-so-kolbasi

Пилешко од Рерна со Колбаси

Прекрасни миризливи пилешки копани кои се топат во устата. Колбасите и шери доматите се одличен додаток.

Потребно е:

•600 г пилешки наткопани без кожа
•700 г лупени компири
•300 г шери домати
•100 г тенок чаден колбас
•4 нелупени чешниња лук
•10-тина листови свеж босилек
•2 лажици балсамико оцет
•1 кафена лажица црвен пипер
•½ кафена лажица чили во прав
•масло за јадење
•маслиново масло
•сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Компирите ги сечкаме на кришки и ги ставаме во керамичка тава. Нелупените чешниња лук ги сечеме на ½ по должина и ги ставаме меѓу кришките компири. Попрскуваме со масло за јадење, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер.
  2. Наткопаните ги посолуваме, ги наросуваме со црвениот пипер, па и нив ги ставаме помеѓу кришките компири. Наросуваме со чилито во прав и попрскуваме со маслиново масло.
  3. Тавата ја покриваме со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 40 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
  4. Чадениот колбас го сечкаме на тенки кругови, а листовите босилек ситно ги сечкаме и ги додаваме во тавата. Потоа ги додаваме шери доматите и балсамико оцетот, и ја враќаме тавата во рерна. Печеме уште 20 минути на истата температура и ја вадиме од рерна.
  5. На чинија за сервирање ставаме од Пилешкото од рерна со колбаси. Декорираме со гранче свеж босилек.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: