- Младите кромитчиња ситно ги сечкаме и кратко ги запржуваме во тава на оган со половина од растопениот путер. И чешнето лук ситно го сечкаме и го додаваме во тавата. Шампињоните ги сечкаме на ситни коцки и ги додаваме во тавата со запржениот кромид. Мајчината душичка ја рониме со раце, па и неа ја додаваме во тавата. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер.
- Спанаќот го сечкаме на парчиња и го додаваме во тавата. Откако ќе се запржи додаваме половина од ренданиот пармезан. Промешуваме и ја тргаме тавата со филот од оган.
- Во длабока чинија ги кршиме јајцата и ги матиме со жица. Ги додаваме млекото и преостанатиот рендан пармезан, и промешуваме со жицата. На работна маса со сукалка го развлекуваме првото лепче. Го потопуваме во мешавината од јајца, млеко и пармезан. Врз лепчето нанесуваме од подготвениот фил. Потоа ставаме ½ лента Гауда, а врз неа 1 лента пршута свиткана на половина. Филуваното лепче го виткаме во ролничка. На истиот начин ги подготвуваме сите ролнички.
- Потоа секоја ролничка ја свиткуваме во по една лента пршута. Ги пржиме ролничките на преостанатиот растопен путер во тава на оган. Откако ќе поруменат од сите страни ги вадиме прженките од тавата и ги ставаме на чинија, обложена со хартија.
- Чинијата за сервирање ја украсуваме со еден засечен домат. Средината на доматот ја полниме со листови нане и ги сервираме Гурманските прженките.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.