Oblanda-rolat-(9)

Обланда Ролат

Чоколаден крем со сечкани ореви и урми, суво грозје со рум и мелени бисквити. Во обланди или поинаку, зарем е важно? Важно е дека е многу, многу вкусен и едвај чека да го пробате. Згора на тоа на обландиве има и чоколаден прелив, ииии?

Потребно е:

– 2 обланди

ЗА ФИЛ
– 3 јајца
– 200 г шеќер
– 100 г чоколада за готвење
– 250 г маргарин
– 100 г шеќер во прав
– 150 г мелени бисквити
– 150 г сечкани ореви
– 150 г сечкани урми
– 150 г суво грозје
– 2 лажици рум

ЗА ЧОКОЛАДЕН ПРЕЛИВ
– 100 г чоколада за готвење
– 6 лажици млеко
– 6 лажици шеќер

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на филот. Во длабок сад ги кршиме јајцата и го додаваме шеќерот. Го ставаме садот на пареа и матиме со миксер додека кремот не ја добие потребната густина.
  2. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја додаваме во садот. Повторно матиме со миксерот и откако чоколадата ќе се растопи го тргаме садот од оган. Оставаме кремот да се излади.
  3. Во навлажнети кујнски крпи ги свиткуваме обландите. Сувото грозје го преливаме со румот. Во сад за матење ги ставаме маргаринот и шеќерот во прав, и матиме со миксер додека маргаринот не стане пенест. Го додаваме изладениот крем и матиме со миксерот додека смесата не се соедини. Потоа ги додаваме сечканите ореви и урми, сувото грозје со румот и мелените бисквити. Матиме со миксерот додека филот не се соедини.
  4. Половина од филот нанесуваме на првата обланда со мазната страна надолу и виткаме ролат. Истата постапка ја повторуваме и со втората обланда. Откако филот ќе се излади и ќе се стегне едниот ролат го сечеме на парчиња.
  5. Почнуваме со подготовка на чоколадниот прелив. Во тенџере на оган ги ставаме млекото и шеќерот. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја додаваме во тенџерето. Откако шеќерот и чоколадата ќе се растопат го тргаме тенџерето од оган. Оставаме преливот да се излади.
  6. На чинија за сервирање го ставаме едниот цел ролат, а до него сервираме парчиња Обланда ролат. Со лажица нанесуваме од изладениот чоколаден прелив и декорираме со зелени шеќерни листови.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: