Raznici-od-roluvano-pilesko-(2)

Раженчиња од Ролувано Пилешко

Само премачкајте ги пилешките шницли со доматно пире со сечкан лук и босилек, нанесете ленти панцета и свиткајте ролати. Исечете ги на парчиња, наденете ги на дрвени стапчиња за раженчиња и испржете ги.

Потребно е:

– 600 г пилешки гради
– 150 г панцета
– 150 г доматно пире
– 100 мл бело вино
– 1 лажица сув босилек
– 1 чешне лук
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Пилешките гради ги сечкаме на тенки шницли. Парчињата месо ги посолуваме и ги наросуваме со мелен црн пипер. Ги прекриваме со најлонска фолија и ги толчиме со чук.
  2. Чешнето лук го гмечиме со алатка и го додаваме во садот со доматното пире. Потоа го додаваме босилекот и промешуваме со лажица. Со лажицата со доматното пире со зачини ги премачкуваме парчињата пилешко. Врз секое парче месо ставаме ленти панцета, виткаме ролати и ги сечеме на парчиња. Парчињата ролати ги наденуваме на дрвени стапчиња за раженчиња.
  3. Ги пржиме раженчињата на загреано масло во грил тава на оган. Откако ќе поруменат од двете страни ги вадиме од тавата и ги ставаме на чинија. Во тавата на оган го додаваме белото вино и вариме додека алкохолот не испари.
  4. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови кинеска зелка и ендивија. На двата краја на чинијата нанесуваме претходно испржени компири и ги сервираме Раженчињата од ролувано пилешко. Ги преливаме со сосот од грил тавата.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: