Ovesni-topcinja-(1)

Овесни Топчиња

Задолжително направете ги. Времето за подготовка се мери во минути, овесните снегулки се здрави, а и ќе го заштедите кафето за со десертот го има внатре. Ако вкусот на кокос Ви е омилен значи сме Ве погодиле, ако не свалкајте ги топчињата, во чоколадни трошки, ореви, бадеми, лешници…

Потребно е:

– 150 г шеќер во прав
– 100 г овесни снегулки
– 100 г маргарин
– 100 г кокосово брашно
– 50 мл варено кафе
– 3 лажици какао
– 2 кафени лажици ванилин шеќер

Подготовка:

  1. Во сад за матење ги ставаме маргаринот, какаото, шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и вареното кафе, и матиме со миксер додека состојките не се соединат. Потоа ги додаваме овесните снегулки и повторно матиме со миксерот додека смесата не се соедини.
  2. Формираме топчиња со големина на орев. Половина од топчињата ги свалкуваме во кокосово брашно. На средина на чинија за сервирање ставаме едно топче свалкано во кокосово брашно. Околу него во круг редиме овесни топчиња. Следниот круг го формираме со топчиња свалкани во кокосово брашно.
  3. Врз Овесните топчиња, кои не се свалкани во кокосово брашно, наросуваме разнобојни шеќерни бонбони. Чинијата ја декорираме со сини шеќерни цветови.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: