Rezanki-od-tikvicki

Резанки од Тиквички

Навистина здраво предјадење кое ќе ве остави без здив. Комбинацијата од тиквиците, јајцата, доматот, лукот и лимунот е исклучителна.

Потребно е:

•600 г тиквички
•240 г сечкани конзервирани домати
•4 јајца
•3 чешниња лук
•1 лимон
•20 г рендан пармезан
•1 лажица лупен сончоглед
•1 кафена лажица оригано•маслиново масло
•сол и црн пипер

Подготовка:

  1. На тиквичките им ги отсекуваме краевите и ги сечеме на тенки резанки по должина. Ги вариме 3 минути во посолена зовиена вода во тенџере на оган и ги ставаме во сад со студена вода. Бланшираните резанки од тиквички ги цедиме во цедалка.
  2. Чешнињата лук ги сечкаме на парчиња и кратко ги запржуваме на загреано маслиново масло во тава на оган. Ги додаваме исцедените резанки од тиквички, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер.
  3. Потоа содржината од тавата за пржење ја ставаме во керамичката тава. Го наросуваме ренданиот пармезан. Лимонот го цедиме во цедалака и со лимоновиот сок ги преливаме тиквичките. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  4. Во длабока чинија кршиме 1 јајце. Зовриената вода во тенџере на оган ја мешаме со лажица за да направиме вртолг. Во него внималено го ставаме јајцето за да не се разлее. Го покриваме тенџерето со капак и вариме 2 минути. Го исклучуваме огнот и по 3 минути со лажица решетка го вадиме вареното јајце од тенџерето и го ставаме во длабок сад со студена вода. На истиот начин ги подготвуваме и преостанатите 3 јајца.
  5. Помеѓу испечените резанки од тиквички правиме 4 длабнатини и во нив ги ставаме пошираните јајца. Прекриваме со конзервираните домати, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ги наросуваме ориганото и сончогледот, и ја враќаме тавата во рерна. Печеме уште 10 минути на истата температура и ја вадиме од рерна.
  6. На чинија за сервирање ставаме од Резанките од тиквички. Декорираме со парчиња перца од млад кромид и наросуваме мелен црн пипер.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *