Kolac-od-biskvitno-testo-(6)

Колачи од Бисквитно Тесто

Превкусни и лесни за јадење, истовремено лесни и за подготовка. Филот е неoбичен затоа што се подготвува со чај, а се што следува потоа е – прсти да излижеш. Мармалад од кајсии, слатко од вишни, ореви, и бел прелив со арома на рум. Ако овој мармалад или слатко не ви се омилени слободно заменете ги по свој вкус.

Потребно е:

ЗА БИСКВИТНО ТЕСТО
– 6 јајца
– 250 г шеќер во прав
– 200 г брашно

ЗА ФИЛ
– 500 мл варен чај
– 100 г чоколада за готвење
– 100 г шеќер
– 2 лимона
– 2 портокала
– 150 г мармалад од кајсии
– 150 г слатко од вишни
– 100 г мелени ореви

ЗА ПРЕЛИВ
– 200 г шеќер во прав
– 2 лажици рум
– малку лимонов сок

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на бисквитното тесто. Во сад за матење ги кршиме јајцата и ги матиме со миксер. Го додаваме шеќерот во прав и матиме додека не се растопи. Потоа го додаваме брашното и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
  2. Ја нанесуваме во тава од рерна, обложена со хартија. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  3. Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган го ставаме чајот. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја додаваме во тенџерето. На ситната страна од рендето во тенџерето рендаме кора од лимон. Лимоните ги цедиме во цедалка и 2/3 од лимоновиот сок додаваме во тенџерето. Потоа во цедалката ги цедиме портокалите и го додаваме сокот во тенџерето. Го додаваме шеќерот и мешаме со лажица.
  4. Откако содржината ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган и оставаме филот да се излади. Изладеното бисквитно тесто го вадиме од тавата, му ја отстрануваме хартијата и го сечеме на 3 еднакви ленти по должина.
  5. Првата лента ја ставаме на послужавник и на неа со лажица нанесуваме од филот. Врз филот прво нанесуваме половина од мармаладот од кајсии, а потоа од слаткото од вишни. Врз слаткото наросуваме мелени ореви. Ја ставаме втората лента бисквитно тесто и ја повторуваме истата постапка на филување. Прекриваме со третата лента тесто и ја премачкуваме со преостанатиот фил.
  6. Почнуваме со подготовка на преливот. Во длабок сад го ставаме шеќерот во прав. Ги додаваме румот и лимоновиот сок, преостанат од филот и мешаме со лажица. Со лажицата го нанесуваме шеќерниот прелив на колачот.
  7. Откако ќе се излади и ќе се стегне го сечеме колачот на парчиња. На чинија за сервирање ставаме едно парче колач. Декорираме со полукругови портокал, зелени шеќерни листови и едно чоколадно топче.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: