Bitolski-pitulici

Битолски Питулици

Битолаа, мој роден граад… Прекрасна песна, а и питулиците се повеќе од прекрасни.

Потребно е:

•500 г брашно
•800 мл вода
•200 мл млеко
•30 г ореви
•7 чешниња лук
•масло за јадење
•сол

Подготовка:

  1. Брашното го посолуваме и во садот ги додаваме млекото и 4 лажици масло. Постепено ја налеваме водата и непрекинато мешаме со жица за да добиеме смеса како за палачинки.
  2. Една црпалка од смесата ставаме во тава на оган намрсена со масло. Откако ќе се испржи од двете страни ја вадиме питулицата од тавата и ја ставаме на чинија. На истиот начин ги подготвуваме сите питулици и една врз друга ги редиме на чинијата.
  3. Во блендер ги ставаме оревите, чешнињата лук и 100 мл масло. Посолуваме и ги миксаме состојките. Измиксаната смеса ја ставаме во длабока чинија.
  4. Дното на тркалезна тава за печење намрсена со масло го прекриваме со три питулици. Со готварска четка ги премачкуваме со измиксаната смеса. Истата постапка ја повторуваме додека не ги потрошиме сите питулици и целата миксана смеса, завршувајќи го редењето со преостанатата миксана смеса.
  5. Ги сечеме наредените питулици на ромбови и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 10 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  6. На чинија за сервирање ставаме две парчиња Битолски питулици. Декорираме со свежи гранчиња нане и босилек.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

2 Responses

  1. Mnogu ubavi pitulici, prva prilika I ke gi napravam pozdrav do moite Bitolcani Lepa Sydney

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *