- Доматот го сечкаме на коцки, а младото кромитче на кругови. Ги ставаме во длабок сад. Главицата кромид и магдоносот ситно ги сечкаме, и ги додаваме во садот. Лутата пиперка ја сечкаме на ситни коцки и ја додаваме во садот. Зачинуваме со лукот во прав.
- Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и ја промешуваме салатата. Го затвораме садот со најлонска фолија и го ставаме 30 минути во фрижидер.
- Откако салата ќе се излади го вадиме садот од фрижидер. На чинија за сервирање ставаме од салатата “Пико де Гајо“. Декорираме со 2 парчиња лимета и лист магдонос.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.