tulumbi

Тулумби

Добро познат ориентален рецепт секогаш актуелен, особено за љубителите на многу благи десерти. Единствената мајсторија е добро да ги испржите за да имаат убава румена боја и да ги ставате во потполно изладен шербет за да бидат крцкави од надвор, а меки и наполнети со шербет внатре.

Потребно е:

– 10 јајца
– 500 г брашно
– 450 мл вода
– 1 литар + 50 мл масло за јадење

ЗА ШЕРБЕТ
– 1,2 кг г шеќер
– 1 литар вода

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на шербетот. Во тенџере на оган ги ставаме водата и шеќерот. Вариме 10-тина минути, го тргаме тенџерето од оган и оставаме шербетот да се излади.
  2. Во друго тенџере на оган ги ставаме водата и 50 мл масло. Откако ќе зовријат го додаваме брашното и непрекинато мешаме со лажица додека тестото не почне да се одделува од тенџерето. Го тргаме тенџерето од оган и оставаме тестото да се излади.
  3. Го вадиме од тенџерето и го ставаме на работна маса. Наросуваме со брашно и го месиме тестото со раце.
  4. Потоа го ставаме во сад за матење. Го матиме со миксер и едно по едно ги додаваме јајцата. Откако тестото ќе се соедини го ставаме во слаткарска кеса. Ги формираме тулумбите, ги сечеме со ножици потопени во масло и ги ставаме во тенџере со 1 литар масло.
  5. Го ставаме тенџерето на оган и ги превртуваме тулумбите за време на пржењето. Поруменетите тулумби со лажица решетка ги вадиме од тенџерето со маслото и ги ставаме во тенџерето со изладениот шербет.
  6. Откако ќе впијат од шербетот со лажицата решетка ги вадиме тулумбите од тенџерето и ги редиме на чинија за сервирање.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: