Kolac-so-urmi-za-web

Колач со Урми

Урми со арома на ванила, фантастична комбинација зар не? Готов за 15 минути, измиксајте урми и суво грозје, наредите и разладите. Супер!

Потребно е:

* 220g сецкани урми
* 50g суво грозје
* 100g сецкани лешници
* 3 лажици какао
* 1 лажица екстракт од ванила

Подготовка:

Колач од урми се прави на следен начин:

  1. Во длабока чинија ставаме од исецканите урми, па го додаваме сувото грозје. Сувото овошје го преливаме со топла вода и го оставаме до одстои 10 минути за да омекне и потоа го цедиме со цедалка.
  2. Овошјето го ставаме во блендер, додаваме лешник и потоа какао. За арома додаваме екстракт од ванила и миксаме.
  3. Смесата ја ставаме во подлабок сад. Потоа ја нанесуваме на намастено парче алуминиумска фолија, со рака ја расплескувме смесата во правоаголна форма од девелина од 1,5 cm. Фолијата со колачот ја оставаме 2 часа во фрижидер.
  4. Разладениот колач го сечема на парчиња. На чинија за сервирање ставаме 4 колачи со урми. Декорираме со цветови од кругови портокал.

 

Со овој десерт предлагаме да се напиете суво бело вино направено од сорта Шардоне, со овошна арома и сладок вкус. Се служи разладено на температура од 10 до 12 степени. Како одличен крај на овој вкусен оброк предлагаме да се напиете шоља црно кафе.

Пријатно.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: