Paketcinja-vo-sos-(3)

Пакетчиња во Сос

Од свинска кртина, со фил од мелено месо и шунка, па свиткани во ленти сланина и испржени, и издинстани, ммм. А, пак сосот од мокови, кромид, сенф и павлака… ма што да Ви кажуваме, пробувајте веднаш.

Потребно е:

800 г свинска кртина
250 г кромид
200 г мелено месо
200 г ленти чадена сланина
100 г кругови шунка
2 кришки леб
100 мл млеко
1 јајце
магдонос
100 г + 1 лажица брашно
2 лажици сенф
1 пилешка коцка за супа
300 г моркови
150 мл бело вино
125 мл неутрална павлака
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Ситно сечкаме една главица кромид и ја додаваме во садот со меленото месо. Круговите шунка ги сечкаме на коцки, а магдоносот ситно го сечкаме и ги додаваме во садот.
  2. Додаваме 1 лажица сенф. Кришките леб ги кинеме на парчиња, ги ставаме во длабока чинија и преливаме со млекото. Откако лебот ќе омекне со раце го истиснуваме млекото и го додаваме исцедениот леб во длабокиот сад.
  3. Јајцето го кршиме и го додаваме во садот. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и мешаме со лажица додека филот не се соедини. Месото го сечеме на шницли, ги посолуваме и ги наросуваме со мелен црн пипер. Со најлонска фолија ја прекриваме првата шницла и ја толчиме со чук.
  4. Ја отстрануваме фолијата, на шницлата нанесуваме од филот и ја свиткуваме на половина. Прекриваме со фолијата и ги толчиме краевите на шницлата со чукот.
  5. Потоа филуваната шницла ја свиткуваме во форма на пакетче. Пакетчето го свиткуваме во 2 ленти сланина и го ставаме на чинија. На истиот начин ги подготвуваме сите пакетчиња и ги ставаме на чинијата.
  6. Во тенџере со зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа. Пакетчињата ги свалкуваме во 100 г брашно и ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Откако пакетчињата ќе поруменат од сите страни во тавата налеваме од супата од коцка.
  7. Издинстаните пакетчиња ги ставаме во огноотпорен сад и го покриваме со капак. Морковите ги сечкаме на кругови, а преостанатите две главици кромид на полукругови. Ги пржиме на загреано масло во тенџере на оган и посолуваме.
  8. Откако зеленчукот ќе омекне во тенџерето ја додаваме преостанатата лажица брашно и промешуваме. Ги додаваме виното, преостанатата супа и преостанатата мрснотија од тавата во која се пржеа пакетчињата.
  9. Потоа ги додаваме преостанатиот сенф и неутралната павлака. Откако содржината ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган. Ја миксаме содржината во тенџерето со блендер. Го процедуваме сосот низ цедалка врз друго тенџере.
  10. На едната страна на чинија за сервирање ставаме три пакетчиња. Четвртото пакетче го сечеме на половина, па и него го додаваме на чинијата. До пакетчињата сервираме претходно сварен мешан зеленчук. Ги преливаме пакетчињата со сосот.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: