Romanski-kacamak-(2)

Романски Качамак

Лесно, здраво и вкусно. Качамак сварен од запечено пченкарно брашно, па испечен во тава со кругови чадени колбаси на средината. Ако Ви кажеме и премачкан со кајмак, љубопитноста и желбата да го пробате со сигурност се поттикнати.

Потребно е:

1 кг пченкарно брашно
2 ½ литри вода
350 г тенки чадени колбаси
200 г кајмак
масло за јадење
Хималајска сол

Подготовка:

  1. Во тава за печење го нанесуваме пченкарното брашно. Ја ставаме тавата во рерна. Запечуваме 2 минути на 200 степени и ја вадиме тавата од рерна. Зовриената вода во тенџере на оган ја посолуваме и додаваме 3-4 лажици масло.
  2. Потоа го додаваме пченкарното брашно и мешаме со жица. По 20-тина минути тенџерето со сварениот качамак го тргаме од оган. Половина од качамакот нанесуваме во правоаголна тава за печење, намрсена со масло.
  3. Колбасите ги сечкаме на тенки коси кругови и ги редиме во тавата. Прекриваме со преостанатиот качамак и го нанесуваме кајмакот. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 15 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  4. Го сечеме качамакот на правоаголни парчиња. На чинија за сервирање редиме четири парчиња Романски качамак. Декорираме со два листа марула. Врз секој лист марула со алатка за сладолед нанесуваме по една топка кисела павлака.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *