Kolac-so-dzem-od-slivi-(2)

Колач со Џем од Сливи

Или со џем кој најмногу го сакате, ама сливите сепак најдобро се слагаат со аромата на циметот, освен јаболката, секако. На колачот кругови банани со сок од лимон и портокал, и украсен со растопена чоколада. И што е најважно брзо и лесно се подготвува.

Потребно е:

4 јајца
12 лажици шеќер
12 лажици брашно
12 лажици млеко
12 лажици масло за јадење
2 лажици какао
1 кафена лажица цимет
1 прашок за печиво
450 г џем од сливи
750 г банани
1 портокал
1 лимон

ЗА УКРАСУВАЊЕ

150 г чоколада за готвење
2 лажици масло за јадење

Подготовка:

  1. Во сад за матење ги кршиме јајцата. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се растопи. Потоа ги додаваме млекото, маслото, циметот, какаото, прашокот за печиво и брашното, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
  2. Тркалезната тава бр 26 со готварска четка ја намрсуваме со масло и ја набрашнуваме. Во тавата ставаме половина од подготвената смеса и ја ставаме во рерна. Печеме 15 минути на 200 степени и ја вадиме тавата од рерна.
  3. Испечениот пандишпан го премачкуваме со џемот од сливи и ја нанесуваме преостанатата смеса од садот за матење. Ја враќаме тавата во рерна. Печеме уште 15 минути на истата температура и ја вадиме од рерна.
  4. Потокалот го цедиме во цедалка. И лимонот го цедиме во цедалката. Бананите ги лупиме, ги сечкаме на кругови и ги ставаме во длабок сад. Ги преливаме со исцедениот сок и промешуваме. Потоа парчињата банани ги редиме на изладениот колач.
  5. Чоколадата за готвење ја кршиме на парчиња и ја ставаме во тенџере на оган. Го додаваме маслото и мешаме со лажица. Откако чоколадата ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган.
  6. Со лажица со растопената чоколада го попрскуваме колачот и го сечеме на триаголни парчиња. На чинија за сервирање ставаме две парчиња Колач со џем од сливи и декорираме со полукругови портокал.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: