- Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја ставаме во длабок сад. Киселите краставички и лентите печеница ги сечкаме на коцки, и ги додаваме во садот. Кришката леб ја кинеме на парчиња, ја ставаме во длабока чинија и ја преливаме со вода.
- Откако лебот ќе омекне со раце ја истиснуваме водата и го додаваме во длабокиот сад. Посолуваме, и наросуваме мелен црн пипер и мешан зачин К+. Го додаваме меленото месо и го месиме филот со рака. Првата шницла ја посолуваме и ја наросуваме со мелен црн пипер и мешан зачин.
- Ја толчиме со чук и на неа нанесуваме ¼ од филот. Ги свиткуваме краевите на шницлата кон внатрешноста, ги толчиме со чукот и виткаме ролат. На истиот начин ги подготвуваме и преостанатите 3 ролати.
- Ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Откако ролатите ќе поруменат од сите страни во тавата додаваме 250 мл вода и динстаме 60-тина минути на умерен оган. Ги вадиме ролуваните шницли од тавата и ги ставаме на чинија.
- Во садот со брашното додаваме 100 мл вода и мешаме со жица. Потоа непрекинато мешајќи со жицата го додаваме размешаното брашно во тавата на оган. Го додаваме и кајмакот и мешаме додека не се растопи и сосот не ја добие потребната густина.
- Потоа во тавата ги враќаме ролуваните шницли. Откако ќе го впијат вкусот на сосот ја тргаме тавата од оган. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови црвена марула и на едната страна ги редиме Ролуваните јунешки шницли.
- До нив сервираме парчиња претходно сварени компири. Со црпалка шницлите ги преливаме со сосот од тавата. Декорираме со кришки домат и 2 млади кромитчиња исечени на половина.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит