Brusketi

Брускети

Одлично предјадење готово за помалку од 20 минути, но исто така и како идеја за појадок или вечера. Со фил од чадена сланина, маслинки, сушени домати и зрна капари, едноставно не може да не чинат.

Потребно е:

12 кришки леб
150 г ленти чадена сланина
50 г зелени маслинки полнети со пиперки
30 г сушени домати
20 г зрна капари
маслиново масло

Подготовка:

  1. Кришките леб ги сечеме на половина и ги редиме во тава за печење, обложена со хартија. Маслинките ги сечкаме на кругови и ги ставаме во длабок сад. Зрната капари ситно ги сечкаме и ги додаваме во садот.
  2. Парчињата сушени домати ги преливаме со маслиново масло и промешуваме со лажица. Откако доматите малку ќе омекнат ги додаваме во длабокиот сад со маслинки и капари, и промешуваме.
  3. Со лажица од измешаните состојки нанесуваме на секое парче леб во тавата. Лентите сланина ги сечкаме на коцки, па и од коцките сланина нанесуваме на лепчињата. Ја ставаме тавата во рерна.
  4. Печеме 10-тина минути на 250 степени и ја вадиме од рерна. Испечените Брускети ги вадиме од тавата и ги редиме на чинија за сервирање. Декорираме со листови марула.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *