Juneska-pecenica-polneta-so-jajca-i-virsli-(2)

Јунешка Печеница Полнета со Јајца и Виршли

И никако да не ја заборавите сланината, зошто таа е задолжена за посебниот шмек кој ќе го добие печеницата во рерна. А, исечена на парчиња прелиени со сосот од тавата размешана со павлака – вистински празник за сите сетила.

Потребно е:

1,2 кг јунешка печеница
150 г чадена сланина
5 варени, лупени јајца
4 виршли
200 мл кисела павлака
50 г путер
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Месото го засекуваме на средината формирајќи џеб. Во џебот ги ставаме варените јајца. Потоа го засекуваме месото на повеќе места. Сланината ја сечкаме на долгнавести парчиња.
  2. Ги ставаме парчињата сланина и виршлите во засеците. Полнетата печеница ја посолуваме од двете страни и ја наросуваме со мелен црн пипер. Ја пржиме на растопениот путер во тава за печење на оган додека не порумени од двете страни.
  3. Додаваме 400 мл вода и откако течноста ќе зоврие ја тргаме тавата од оган. Ја покриваме со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 90 минути на 200 степени и ја вадиме тавата од рерна.
  4. Ја отстрануваме фолијата и со црпалка ја ставаме течноста од тавата во тенџере на оган. Откако ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган. Ја додаваме киселата павлака и го мешаме сосот со жица.
  5. Печеницата ја вадиме од тавата и ја сечеме на парчиња. На чинија за сервирање ставаме претходно обарени зрна грашок и пченка.
  6. До нив скалесто ги сервираме парчињата Јунешка печеница полнета со јајца и виршли. Потоа на чинијата нанесуваме од сосот од тенџерето и декорираме со листови магдонос.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: