Oslic-vo-oblanda-(4)

Ослич во Обланда

Преубави ролати кои не се печат, како измислени за љубителите на риба. Треба само да подготвите фил од испржен праз, сварен ослич и ориз, да го нанесете на обландите, да ги изладите ролатите и да ги исечете на парчиња. Полесно, здравје.

Потребно е:

2 големи обланди
1 кг ослич
1 кг праз
300 г варен ориз
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Рибите ги засекуваме на половина по должина и ги ставаме во тенџере со посолена зовриена вода во тенџере на оган. Откако ќе се сварат го тргаме тенџерето од оган. Ги вадиме рибите од тенџерето, ги ставаме во тава, и им ги отстрануваме кожата и коските.
  2. Месото од рибите го ситниме на парчиња и го ставаме во длабок сад. Обландите ги свиткуваме во навлажнети кујнски крпи. Празот ситно го сечкаме, го пржиме на загреано масло во тава на оган и посолуваме.
  3. Во тавата со омекнатиот праз го додаваме месото од рибите. Откако осличот ќе се запржи посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Го додаваме сварениот ориз, го промешуваме филот со лажица и ја тргаме тавата од оган.
  4. Првата омекната обланда со шарената страна нагоре ја ставаме на парче алуминиумска фолија. На обландата нанесуваме 2/3 од филот, со помош на фолијата виткаме ролат и го свиткуваме во фолијата. На истиот начин го подготвуваме и вториот ролат.
  5. Оставаме ролатите да се изладат и ги сечеме на коси кругови. Чинијата за сервирање ја украсуваме со два листа марула и скалесто ги редиме парчињата Ослич во обланда. Декорираме со полукругови лимон и гранчиња француски магдонос.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *