Nutela-mafini-(6)

Нутела Мафини

И да ја намачкате на парче леб, ако ја сакате, нутелата е превкусна. Па, тогаш што уште да кажеме за мафини со сечкани бадеми и нутела? Подобро прашајте ги Вашите деца, тие секако подобро ќе Ви опишат или сами ќе откриете кога ќе видите за колку кратко време ќе ги снема.

Потребно е:

2 јајца
60 г брашно
280 г нутела крем
50 г сечкани бадеми
1 прашок за печиво

Подготовка:

  1. Во сад за матење ги кршиме јајцата и матиме со миксер додека не станат пенести. Ја додаваме нутелата и матиме со миксерот. Потоа ги додаваме брашното и прашокот за печиво, и матиме додека смесата не се соедини.
  2. Тркалезните калапи за мафини ги редиме во тава за печење. Со лажица до 2/3 од висината во калапите нанесуваме од подготвената смеса. Врз смесите ги нанесуваме сечканите бадеми и ја ставаме тавата во рерна.
  3. Печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Ги вадиме Нутела мафините од калапите и ги редиме на чинија за сервирање. Декорираме со еден розов шеќерен цвет со зелени шеќерни листови.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: