- Во сад за матење ги ставаме брашното, 80 г путер и 60 г шеќер. Кршиме 2 јајца и ги додаваме во садот. На крупната страна од рендето во садот рендаме кора од лимон. Ги месиме состојките со рака додека не се соединат во тесто.
- Тркалезната тава бр 26 ја намрсуваме со масло и ја набрашнуваме. Го нанесуваме тестото и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени. Преостанатите 4 јајца ги кршиме, белките ги оставаме во сад на страна, а жолчките ги ставаме во тенџере.
- Додаваме 100 г шеќер, ванилиниот шеќер, нишестето, млекото и преостанатите 150 г путер. Го ставаме тенџерето на оган и мешаме со жица. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган.
- Тавата со испеченото тесто ја вадиме од рерна. Ги нанесуваме вишните, и ги наросуваме преостанатите 50 г шеќер и мелените ореви. Врз оревите го нанесуваме кремот и ја враќаме тавата во рерна. Печеме уште 15 минути на истата температура и ја вадиме од рерна.
- Ја сечеме подизладената пита на осминки. На чинија за сервирање ставаме едно парче Пита со путер и вишни. Декорираме со кругови киви и со вишни од компот без семки.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.