Овие мафини со прекрасна арома се подготвуваат на следен начин:
- Почнуваме со подготовка на тестото. Во длабок сад со миксер ги матиме путерот и шеќерот. Едно по едно ги додаваме јајцата и непрекинато матиме со миксерот додека состојките не се соединат.
- На ситната страна од рендето во садот рендаме кора од лимета. ½ лимета цедиме во цедалка и го додаваме сокот во садот. Ги додаваме брашното, прашокот за печиво и текилата, и матиме додека тестото не се соедини.
- Во длабнатите на калап за мафини ставаме хартиени корпички. Со лажица во корпичките ставаме од тестото. Го ставаме калапот во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и го вадиме од рерна. Откако мафините ќе се изладат заедно со корпичките ги вадиме од калапот.
- Почнуваме со подготовка на филот. Во сад за матење со миксер ги матиме путерот и шеќерот во прав додека путерот не стане пенест. Преостанатата ½ лимета ја цедиме во цедалка и го додаваме сокот во садот. Матиме со миксерот додека филот не се соедини и го ставаме во слаткарска кеса.
- Со кесата на секоја мафина нанесуваме фил. На чинија за сервирање ставаме две Текила мафини. Декорираме со претходно подготвени чоколадни украси и четвртинки мандарина.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.