- Во тенџере на оган ги ставаме водата, шеќерот и маргаринот. Откако шеќерот и маргаринот ќе се растопат го тргаме тенџерето од оган. Содржината ја ставаме во длабок сад.
- На работна маса со сукалка ги дробиме бисквитите и ги додаваме во садот. Потоа ги додаваме мелените ореви и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Половина од смесата ставаме на послужавник и со раце обликуваме правоаголна форма.
- На парчиња кршиме 100 г чоколада и ја додаваме во садот со преостанатата смеса. Мешаме со лажицата додека чоколадата не се растопи. Кафената смеса ја нанесуваме врз жолтата и ја рамниме со раце.
- Го ставаме послужавникот во фрижидер. Откако смесата ќе се излади и ќе се стегне го вадиме послужавникот од фрижидер. Преостанатата чоколада ја кршиме на парчиња и ја ставаме во сад на пареа.
- Го додаваме маслото и мешаме со лажица. Садот со растопената чоколада го тргаме од оган. Подизладената растопена чоколада ја нанесуваме на кафената смеса и оставаме да се стегне. Ја сечеме бајадерата на правоаголни парчиња. Неколку парчиња ставаме на чинија за сервирање.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.