svinska-pecenka-so-ananas

Свинска Печенка со Ананас

Ако сакате да експериментирате со вкусовите во кујната ова е одлична прилика. Свинско со зелка е дамнешна и општоприфатена класика. Пробајте ја со додавање на конзервиран ананас и ќе се уверите во поговорката дека човек учи додека е жив.

Потребно е:

1 кг свинска кременадла
500 г зелка
500 г кругови конзервиран ананас
300 г кромид
2 пилешки коцки за супа
1 инстант коцка за сос за печење
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Во тенџере со зовриена вода на оган ги ставаме коцките да се вари супа. Во друго тенџере со зовриена вода на оган ја ставаме инстант коцката за сос за печење. Зелката ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тава на оган.
  2. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ситно сечкаме една главица кромид и ја додаваме во тавата. Ананасот го сечкаме на коцки и половината го додаваме во тавата со омекнатата зелка и кромидот.
  3. Потоа додаваме од супата од коцка и промешуваме. Откако и ананасот малку ќе омекне ја тргаме тавата од оган. Месото го посолуваме од сите страни и го засекуваме на кременадли. Го ставаме во тава за печење, намрсена со масло. Преостанатите главици кромид ги сечкаме на полукругови и ги додаваме во тавата.
  4. Попрскуваме со масло и преливаме со инстант преливот за печење. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 90 минути на 220 степени и ја вадиме од рерна. Го вадиме месото од тавата и по засеците го сечеме на кременадли. Преостанатите коцки ананас кратко ги запржуваме на загреано масло во тава на оган.
  5. На едната страна на чинија за сервирање скалесто ги редиме парчињата свинска печенка и ги нанесуваме испржените парчиња ананас. Го преливаме месото со сосот во кој се подготвуваше. До месото ја сервираме зелката со ананас. Декорираме со една ротквичка засечена во форма на цвет и гранчиња француски магдонос.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: